РК Алкалоид и официјално го формира вториот тим Мулти Есенс Скопје

Македонскиот и регионален фармацевтски гигант „Алкалоид“ во следната сезона ќе има два ракометни тима

Првиот ќе биде под официјално име РК Алкалоид Ракомет Скопје, клуб кој ќе се натпреварува во Суперлигата со сериозни амбиции во македонскиот ракомет. Во него ќе настапуваат најдобрите играчи во овој колектив, некои од нив и сениорски репрезентативци.

Покрај суперлигашот, Алкалоид формира и свој втор, ткн развоен тим. Под името РК Мулти Есенс Скопје, екипата ќе се натпреварува во Првата лига на Македонија.

За место во тимот ќе конкурираат играчите кои нема да се наметнат во првиот тим и останатите млади играчи кои ќе се истакнат во младинските категории.

Ваквиот потег на РК Алкалоид ги следи сличните ориентации на домашните ракометните великани РК Еурофарм Пелистер, РК Металург и РК Вардар кои имаа свои развојни екипи, а во следната сезона слично ќе биде и со Голден Арт  кој пријави втор тим во Првата лига.