РК Алкалоид убедлив против Вест Виена во првиот меч од Европската Лига

Ракометарите на Алкалоид се радуваа на победа во првиот меч против Вест Виена со 38-27 (20-14), во рамките на шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

Македонскиот претставник двете средби ги игра на домашен паркет во „Автокоманда“, а уште во првата направи сериозен исчекор кон пласман во осминафиналето на ова натпреварување.

Александар Петковски со девет гола беше најдобар стрелец на мечот, а осум постигна Мартин Серафимов, исто колку што имаше и Клеменс Мелешниг кај гостите.

Меѓу голманите Иван Галевски го заврши мечот со девет интервенции, а Благојче Трајковски собра шест.