РК Вардар 1961 го потврди ангажманот на Жереми Тото

Актуелниот ракометен шампион на Македонија Вардар 1961 зад себе остави година во која се израдува на двојната круна во домашните натпреварувања.

Веќе се најавени многу засилувања за наредната сезона. Најзвучното е новиот тренер во Веселин Вујовиќ, кој ќе го замени Стевче Алушовски.

Конкуренцијата на кружната напаѓачка позиција ќе ја зголеми Жереми Тото. Тој доаѓа од полскиот шампионат, каде ги бранеше боите на Висла Плоцк.

Покрај Французинот, нови засилувања во редовите на „црвено-црните“ се Мартин Томовски, Али Сафар, Дарко Ѓукиќ, Едуардо Гурбиндо и Анте Кудуз.