Двократниот европски ракометен првак, скопски Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди милион евра, потребни како гаранција за непречен настап во елитното натпреварување за сезоната 2021/22.
Повеќе македонски медиуми денеска објавија дека претседателот на „црвено-црните“ ја потврдил подготвеноста да се плати котизацијата во ЕХФ.
Крајниот рок за уплата на еден милион евра е 27-ми јули.
„Вардарци“ се во група со Елверум, ПИК Сегед, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Алборг.
Новата сезона во елитното континентално натпреварување македонскиот тим треба да ја почне во средината на септември.