РК Вардар го официјализираше трансферот на браќата Њокас

29

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 и официјално ги потврди најновите засилување, француските интернационалци Кевин и Оливие Њокас.

Кевин и Оливие требаше во оваа сезона да бидат големи засилувања за Металург, меѓутоа таа соработка кратко траеше и бековите се преселија во „црвено-црниот“ табор.

Сите формалности околу нивниот настап во домашното првенство и Лигата на шампионите се завршени и тие веќе се приклучија на тренинзите каде работат под палката на Весели Вујовиќ.

Оливие е далеку попознат со оглед на тоа што редовно играше за француската репрезентативец. Неговата задача ќе биде да ја засили десната бековска позиција или, пак, ќе биде замена за Едуардо Гурбиндо кој има понуда од Динамо Букурешт и може да си замине од Скопје.

Кевин Њокас игра на позиција на лев бек и ќе биде уште една опција плус од досегашните, а тоа се Талески, Кудуз, Диало и Мишевски. Во последните три години играше во Бенфика каде беше соиграч и со Борко Ристовски со кого одново сега ќе ја дели соблекувалната.

Претходно играше уште за Кретеј и германските состави Гепинген и Гумерсбах.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.