РК Вардар нема да биде носител во Суперлигата

Македонскиот клупски ракомет е во очекување на календарот за сезоната 2023/23, во која пак ќе се игра по истиот систем на натпреварување со шеснаесет екипи.

Имено, првиот дел од сезоната ќе мине со поделба на екипите во две групи по осум члена. Најдобррите четири екипи по четиринаесет кола ќе играат во разигрување за титулата, а останатите осум ќе се борат за опстанок во плеј-аутот.

Наскоро ќе се знаат термините за новата сезона, а почетокот се предвидува во првата или втората недела од септември. Пред почетокот на шампионатот, првакот Еурофарм Пелистер и победникот на Купот, Вардар 1961, ќе се борат за титулата од Суперкупот на Македонија, во еден натпревар на терен кој ќе го одреди Ракометната федерација на Македонија (РФМ).