Македонскиот првак Вардар 1961 се засили со кадетски репрезентативец на Црна Гора.
Нов член на „црвено-црните“ е талентираниот Андреј Добрковиќ. 18-годишникот стави потпис на договор со важност од две години.
Црногорскиот ракометар игра на позицијата среден бек. Минатата сезона ја помина во Целје Пивоварна Лашко, а од ова лето е дел од македонскиот гигант.
Андреј ќе ги следи стапките на својот татко Марко Добрковиќ, кој во сезоната 2005/06 беше дел од вардаровата екипа.