РКЕ: Бислимоски сам ги покри трошоците за енергетскиот самит

Регулаторната комисија за енергетика утрово соопшти дека дел од политичките партии никако не успеваат да излезат од матрицата на вршење на пристисок на независноста на институциите и преку следење на приватниот живот на вработените.

Портпаролката на РКЕ Марина Узунов, информираше дека претседателот Марко Бислимоски лично ги покрил трошоците и со сопствено возило учестуваше на Енергетскиот самит во Неум кој е во организација на УСАИД, УНДП, ЕУ делегација на Босна и Херцеговина и ГИЗ.

Демантот следува откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека „Бислимовски се гоштева во скап ресторан во Дубровник, додека народот не знае како да си ги плати сметките за струја“.