
Регулаторна комисија денеска ќе одлучува за новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.
Минатата недела цената на дизелот остана непроменета, а на останатите горива се намали за половина денар.
Ова се актуелните цени на нафтените деривати:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,543 (денари/килограм)