Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.
Минатата недела РКЕ одлучи цените на бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство да не се менуваат.
Цената на мазутот се намали за 1,000 ден/кг и изнесува 54,291 ден/кг.
Ова се актуелните цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 54,291 (денари/килограм)