РКЕ ги коригираше цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година .

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,266 ден/кг.