РКЕ: Околу 120.000 домаќинства можат да добиваат струја од централи од обновливи извори

Новите централи за производство на електрична енергија од обновливи извори што се изградени во последните 19 месеци, може да ги задоволат потребите за струја на близу 120.000 домаќинства, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во периодот од јануари 2022, до со јули 2023, РКЕ има издадено лиценци на вкупно 605 централи со вкупна инсталирана моќност од 316,4 мегавати.

– Со овој нов инсталиран капацитет што е во функција во последната година и седум месеци, може да се задоволат потребите за струја на домаќинства со просечна потрошувачка, од 14 градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија и Велес. Станува збор за чиста зелена енергија од Сонце, ветер, вода и биогас, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во 2022 година, како што соопшти РКЕ, издадени се лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 мегавати, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на јули, а 338 централи со инсталирана капацитет од 164,2 мегавати се стекнале со лиценци.