РКЕ утре ќе одлучува за цените на горивата

Откако во петокот дизелот поскапи за два денари, утре на редовната седница РКЕ се очекува повторно да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Дали ќе се зголемат и онака високите цени на горивата во нашата земја останува да видиме утре.

Во моментов на светските берзи нафтата од типот брент се намалила на 77,3 долари за барел.

Ова се актуелните цени:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 79.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76.5 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 81.5 ден/л.

Новите цени кои ќе бидат утврдени утре, ќе бидат познати точно напладне.