Роајал: Престанете да јадете „Нутела“ и спасете ги светските шуми

Престанете да јадете „Нутела“ и спасете ги светските шуми, порача француската министерка за екологија, одржлив развој и енергија Сеголен Роајал.

Роајал апелираше до јавноста да престане да го јаде популарен намаз од лешници „Нутела“, тврдејќи дека неговото производство придонесува за дефорестација.

– Мораме да посадиме многу дрвја бидејќи моментно се случува масивна дефорестација која исто така придонесува за глобалното затоплување. Треба да престанеме да јадеме „Нутела“, бидејќи е направена од палмино масло – рече таа.