Репрезентативецот на Холандија, Ариен Робен, ја подгреа атмосферата пред денешниот 1/4 финален дуел против селекцијата на Костарика со изјавата дека популарните “лалиња” имаат само една зацртана цел, освојување на светската титула која ќе биде прва во репрезентативната историја на трикратниот вицешампион.
„Мислам дека сите заедно сме на задача,мисија…Кога ќе дојдете на Светко првенство тоа не е уживање во времето на плажа во Рио. Овде си да победуваш и да одиш што е можно понатаму. Мислам дека очекувањата небеа толки високи прд турнирот, па сега може да бидеме горди до кај стигневме, изјави Робен за сајтот на ФИФА.