Робен ќе биде верен на Баерн (М) до 2017 година

Холандскиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Арјен Робен, потврди дека пред неколку дена го потпишал новиот договор кој го обврзува да остане на „Алианц Арена” до 2017 година.

„Многу сум среќен, го потпишав новиот договор и сега можам да се фокусирам само на фудбалската игра. Сега ќе се фокусирам само на трофеите кои можам да ги освојам со мојот клуб во актуелната сезона. Веќе пет сезони го носам дресот на Баерн (М), а со новиот договор се обврзав да останам во Минхен уште три сезони. Ова е јасен сигнал дека јас и мојата фамилија сме среќни во Германија. Се надевам дека и во следните три сезони ќе освојам уште некој трофеј во дресот на Баерн (М)”, изјави крилниот напаѓач.