Крилниот напаѓач на Баерн (М), Арјен Робен собра храброст и по натпреварот јавно му честита на поранешниот клуб Реал (М), за одличната парија и за заслужениот пласман во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.
Холандскиот интернационалец додаде дека далеку поболна би била елиминацијата со еден гол разлика.
„Честитки за Реал Мадрид за одиграниот натпревар и заслужениот пласман во големото финале. Можеби е подобро да се загуби вака убедливо, мислам дека повеќе ќе болеше ако победевме со 2-1 и за еден гол не се пласиравме во финалето. Вака, не ни останува ништо друго освен да му честитаме на противникот кој беше подобар од нас“, изјави Робен.