Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Ариен Робен покажа најголеми знаци на задоволство кога е во прашање ждрепката за 1/4 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Крилниот напаѓач на баварскиот гигант јавно призна дека Манчестер Јунајтед и идеален противник за актуелниот бранител на тронот во Лигата на шампиони.
„Фантастична ждрепка за Баерн (М). Со нетрпение го очекувам стартот на првиот натпревар. Првиот натпревар го играме на гостински терен, на “Олд Трафорд” и мислам дека веќе тука имаме мала предност во споредба со Манчестер Јунајтед. Англискиот клуб не игра како што треба во последниот период, но Мојес на располагање има одлични фудбалери и не смееме да ги потцениме. Баерн (М) е бранител на тронот и нормално дека имаме обврска да го победиме секој противник кој ќе застане на нашиот пат,“ изјави Робен.