
Репрезентативецот на Холандија, Арен Робен е во центарот на фудбалското вимание поради скандалозната изјава дека одглумил неколку прекршоци во казнениот простор на Мексико, но додаде дека бил фаулиран во 92 минута и дека главниот судија Педро Проенса со право покажал на белата точка.
“Да, точно е дека глумев за пенал, но во првото полувреме. Се срамам од тоа, но такви работи се случуваат во фудбалот. Не, тогаш имаше пенал. Имаше прекршок. Ако тоа не беше прекршок тогаш јас не знам ништо од фудбал”, изјави крилниот напаѓач на Баерн Минхен.