
Филмовите „365 дена“ и „Неверојатното патешествие на доктор Дулитл“ се меѓу номинираните за анти-наградата Златна малина (Razzies Award) во категоријата „Најлош филм на годината“, а актерите Роберт Дауни џуниор и Адам се номинирани во категоријата „Најлош актер на годината“.
Златната малина се доделува во девет категории: за актерство, режија, сценарио, римејк и „најлош“ филм на годината.
Според објавените номинации претставенни на каналот на манифестацијата на YouTube, годинава во категоријата „Најлош филм на годината“ се номинирани уште остварувањата „Остров на фантазијата“, „Мјузик“ и „Апсолутен доказ“.
Меѓу номинираните за најлоша актерска изведба оваа година на Златната малина претендират, покрај Дауни џуниор за „Неверојатното патешествие на доктор Дулитл“ и Сенделр за „Ноќта на вештерките на Хуби“, се и Микле Мороне за улогата во „365 дена“, Мајкл Лендел во „Апсолутен доказ“ и Дејвид Спејд во „Погрешната девојка“.
Номинирани во категоријата „Најлоша актерка“, пак, се Ен Хатавеј во „Последното што тој го посакуваше“, Кејти Холсм во „Кукла 2: Брамс“, Кејт Хадсон во „Мјузик“, Лорен Лапкус „Погрешната девојка“, Ана Марија Сиклуицка во „365 дена“.