Ларс Шаде, високо позициониран претставник на германските здравствени власти, денеска предупреди дека пред почетокот на есента во земјата може да се појави втор бран на коронавирусот, а тој намногу ќе зависи од однесувањето на луѓето. Изјавата беше дадена во момент кога во Германија почна да се обновува економскиот живот, пренесуваат британските медиуми.
-Опаѓа бројот на активни случаи, но тоа не значи дека се е завршено, изјави на прес конференција Шаде, потпретседател на Институтот за заразни болести „Роберт Кох”.
Шаде ја информира јавноста дека од следната недела Институтот „Роберт Кох“ ќе ги прекине редовните брифинзи за ситуацијата со коронавирусот, а причината е во намалениот број случаи на заразени во Германија.
Во иднина брифинзите ќе бидат организирани само доколку се појави конкретен повод, на пример, се влоши епидемиолошката состојба, пренесоа агенциите.
Од крајот на февруари Институтот органиизраше два брифинга неделно – во вторник и петок.
Коефициентот на репродукција на новиот коронавирус во Германија и понатму се проценува на 0,65, додаде Институтот „Роберт Кох”, цитиран од британските медиуми. Овој коефициент е еден од факторите, што внимателно се следат пред да се донесе одлука за натамошното олабавување на мерките за физичка дистанца. Коефициент 0,65 значи дека 100 лица заразени со вирусот го пренесуваат просечно на 65 други лица, што значи дека бројот на новие инфекции ќе се намалува.