Познатиот холивудски актер, Роберт Редфорд(81) потврди дека филмот „The old man and the gun“ кој го сними неодамна е неговото последно филмско остварување пред да замине во пензија. Редфорд кариерата ја почна во 1962 година со филмот „War Hunt“.
Никогаш не вели никогаш, но прилично сум сигурен дека ова е тоа. Време е за пензија бидејќи веќе долго сум пред и зад камерите. Помислив, е па доста е од мене и зошто не би ја завршил кариерата со филм кој е убав и позитивен, изјавил Редфорд за „Entertainment Weekly“.
Актерот пред две години, на почетокот на снимањето на филмот, истакна дека тоа ќе биде неговиот последен филм, а сега по премиерата на истиот го исполнува ветеното.
За свој последен филм тој ја одбра вистинската приказна за Форест Такер, криминалец кој ограбувал банки и неколку пати избегал од затвор. Актерот бил фасциниран од овој човек.
Прекрасен лик кој го играм во овој период од животот. Тоа што посебно ме привлече е фактот дека ограбил 17 банки, бил фатен 17 пати и 17 пати отишол во затвор. Но, и побегнал 17 пати. Се прашав нели убавината на неговиот живот е тоа што не се плашел дека ќе биде фатен, бидејќи ќе почувствува возвишување кога ќе побегне, додал актерот.