Роберто Манчини ќе биде нов селектор на Италија

Актуелниот тренер на руски „Зенит“, Роберто Манчини ги договори своите услови со фудбалскиот сојуз на Италија и во наредниот период и официјално треба да биде именуван за нов селектор на Италија, откако понудата ја одби Карло Анчелоти.

Според италијанските медиуми, Манчини(53) ќе потпише двегодишен договор вреден осум милиони евра, а негова главна цел ќе биде пласман на Европското првенство во 2020 година. Во својата кариера италијанскиот стратег ги предводеше тимовите на „Лацио“, „Фиорентина“, „Интер“, „Манчестер Сити“ и „Галатасарај“.

На клупата на Италија, Манчини ќе го замени Џампјеро Вентура, кој доби отказ по неуспехот во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, а во меѓувреме „азурите“ како привремено решение ги предводеше Луиџи ди Бјаџо.