Поранешниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон смета дека безбедноста на Косово е исклучително значајна за НАТО и тоа е и причината поради која Северноатлантската алијанса одлучи да ги засили своите трупи во северно Косово по последните настани во таа област населена со мнозинско српско население.
„Безбедноста на Косово е исклучително важна и тоа е причината зошто НАТО ги засили своите трупи овде“, изјави Робертсон во саботата објавеното интервју за агенцијата KosovaPress.
Лордот Робертсон, кој во време на војната во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, каде албанските власти еднострани со поддршка на Западот во 2008 година прогласија независна Република Косово, и инвазијата на НАТО против тогашната СР Југославија во периот 1998/1999 година беше министер за одбрана на Велика Британија, вели дека тоа е причината зошто безбедноста на Косово ќе биде важна и во иднина.
„Ова е причината зошто безбедноста во оваа земја ќе биде важна во иднина, но и економската безбедност ќе биде важна за новата генерација“, вели поранешниот челник на НАТО.
Што се однесува до ризикот од војна на Балканот, Робертсон вели дека не верува оти постои таков ризик, меѓутоа предупреди на анводни активноститна Русија со цел да ја наруши безбедноста на регионот.
„Не верувам дека постои ризик од војна на Балканот, но Русија се меша во овој регион, како што тоа го прави во Украина“, рече Робертсон, додавајќи дека затоа е важно Западот да се обедини „за да не го дозволи триумфот на Русија во Украина“.