Рочиште за случајот на СЈО „Тендери“

Почна судењето за случајот на СЈО „Тендери“ во кој прво обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Таа е обвинета за злоупотреби за тендер за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО кој е дел од проектот „Скопје 2014.“

На почетокот на судењето адвокатите Сашо Дуковски и Еленко Миланов реагираа до судот во врска со вештачењето од компанијата „ЕОС консалтинг“ оценувајќи го за необјективно.

Обвинители во случајот се Стевчо Донев и Лиле Стефановска. Апелациониот суд во ноември минатата година одлучи дека таканаречените „бомби“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери.“