Рочиштето за случувањата во Собранието траеше цел ден

Судење какво што не се памети во судската пракса. Такво беше судењето во Кривичниот суд за настаните во Собранието, кое заврши пред малку.

Ова е петто рочиште од почеток на судењето. Претходните судски расправи траеја повеќе од шест часа.

По завршувањето на судењето Богоевски изјави дека со овој процес еднаш засекогаш треба да се заокружи прашањето на одговорноста.

Пред Богоевски, сведочеше и пратеничката Фросина Ременски и актуелниот министер, а тогаш пратеник Дамјан Манчевски.

Денеска сведочеше и поранешниот генерал Николовски, кој рече дека станувало збор за саботажа.

Наредното рочиште е на 6 септември.

Цели 10 часа, обвинетите се држеа во судот. Оние меѓу нив, кои се донесени од притвор, не добиваа ниту храна, ниту вода. Дел од оние кои се во куќен притвор, треба после рочиштето да бидат носени дома, во други градови во Македонија. Ова е крајно нехуман третман врз поголем број на лица, па поупатените коментираат дека станува збор за планирано, политички мотивирано, изживување, пишува Курир.

 

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие на претходното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.