Родилката чие бебе почина во Битолската болница не добила отпусна листа

Немам обдукциски наод, немам отпусна листа… и нема мучканици? – напиша на Фејсбук Викторија Крстеска, родилката од Битола чие бебе почина при породувањето.

Таа вели дека 12 дена ја чека отпусната листа, дека сѐ уште го нема обдукцискиот наод и отворено се сомнева во извештаите за причината на смртта на нејзиното бебе.

„12 дена сум дома, а сѐ уште не сум испишана од болницата!? Сѐ уште мојата историја ја нема. И нема мучканици? Или народски речено, ‘чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме сѐ да е подмачкано’…. Не кажувате ништо, ниту за комисијата…“, пишува Крстевска.

Таа прашува и за одбукцијата: „’О’ од обдукција во следните две недели нема да има. Зошто? Па, сигурно се на одмор, иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари – кој партија, никогаш мирно нема да спиете. Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште други илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле. Ќе се борам до крај!“, напиша Крстеска.