Родилката од Делчево починала на КАРИЛ, новороденчето е на механичка вентилација

Родилка од Делчево ноќеска починала на КАРИЛ во Скопје, потврди за МИА директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска.

Родилката е донесена во лоша здравствена состојба.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека вчера после 10 часот родилка од Делчево била донесена во штипската Болница. Веднаш на Одделението за гинекологија и акушурство и бил извршен итен царски рез, по што во попладневните часови заедно со новороденчето биле хоспитализирани во Скопје, каде во текот на вечерните часови починала.

Новороденчето е на Детската Клиника во Скопје, според директорката Стојка Нацева-Фуштиќ, која посочи дека детето е на интензивна нега и е на механичка вентилација.

-Родено е со низок апгард, со ниски витални функции, вели Нацева-Фуштиќ за МИА.

Таа посочи дека се следи состојбата на новороденчето.

Директорот штипската Болница, Ален Ѓеорѓијев подетални информации најави за утре откако ќе биде готов извештајот на интерната Комисија за контрола на квалитет и етички прашања, при Клиничка болница.