![aplikacii-mobilen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/aplikacii-mobilen.jpg?resize=640%2C398&ssl=1)
Мобилните телефони нудат мноштво апликации осмислени за да ни го олеснат животот, но, ако сте родител треба да обрнете внимание. Некои од нив изгледаат наивно, може да бидат опасни за вашето дете.
Затоа посебно обрнете внимание на следните апликации:
Тиндер (Tinder)
Оваа апликација се користи за запознавање. Корисниците ги оценуваат профилите еден на друг и ја гледаат локацијата на другите корисници. Секој ден се креираат по 450 нови профили.
Проблемот е во тоа што возрасните мошне лесно може да ги најдат малолетните лица и во тоа што оваа апликација се користи за злоупотреба преку интернет. Група деца или возрасни лица лесно може да се насочат против едно дете и да му го загрчат животот.
Снапчат (Snapchat)
Со помош на оваа апликација корисниците корисниците испраќаат фотографии меѓу себе и снимки на сите оние кои се на листа на пријатели. Оној кој ја испраќа датотеката може да одреди колку долго таа ќе биде на располагање на примателот, по што се самоуништува.
Проблемот е во тоа што овие апликации често се користат за сексуални разговори. Многу од нив се лажат и мислат дека ова е најсигурниот начин, но многу слики и видеа од тука завршуваат на порнографски веб-сајтови.
Блендр (Blendr)
Оваа апликација се користи за запознавање нови луѓе и преку неа се праќаат фотографии, пораки, слики, што потоа добива оцена од страна на другите корисници.
Проблемот е во тоа што оваа апликација не бараат проверка, па сексуалните манијаци лесно може да дојдат во контакт со малолетно лице, а малолетните да се запознаат со возрасни.
Кик Месинџер (Kik Messenger)
Оваа апликација се користи за допишување и досега има 100 милиони корицници. Овие луѓе можат да споделуваат фотографии и снимки.
Децата оваа апликација ја користат за испраќање селфи фотографии на кои се разголени, а не постои добра контрола на содржината, така што по децата можат лесно да стигнат и повозрасните луѓе и сексуалните манијаци.
Виспер (Whisper)
Ова е апликација за споделување исповеди. Со помош на неа, корисниците споделуваат фотографии, како и своите приказни и мисли. Но, оваа апликација ја открива локацијата на корисникот, иако пишувате анонимно.
Без оглед на анонимноста, во оваа апликација, децата поставуваат сопствени или фотографии на други деца, а корисниците можат да комуницираат меѓу себе врз основа на оддалеченост. И никогаш не се знае кој е на другата страна.
(НН / Ask.fm)
Ова е една од најпопуларните социјални мрежи меѓу децата. Со неа се поставуваат прашања до другите корисници и се даваат одговоиа на прашањата што другите ви ги поставиле.
Проблемот е во тоа што децата често со оваа апликација се здружуваат против едно дете и го понижуваат. Оваа апликација е поврзана со девет случаи на самоубиство во САД и во Велика Британија, пренесува Nezavisne.com.