За да им обезбедат најдобра средина за растење на децата, британските законодавци донесоа закон со кој ќе се казнуваат родителите кои на своите деца не им пружаат љубов и внимание.
Во Велика Британија се разгледува одредбата во којае моционалното запоставување на децата од страна на родителите се изедначува со физичкото и сексуалното злоставување и наскоро поради ваквиот злочин родителите кои на децата им ја скратуваат љубовта можат да завршат во затвор и да одлежат казна затвор од десет години.
Предлагачите на овој закон, во медиумите наречен „Законот на Пепелашка“, велат дека истиот ќе ја унапреди заштитата на емоционалната и социјалната добробит на децата. Нагласуваат дека децата кои растат во околина каде им недостасува љубов и внимание често израснуваат во лица со психички проблеми и додаваат дека ваквиот закон веќе одамна требало да биде донесен.
„Жалната вистина е дека злобните макеи досега поминуваа неказнето. Ни треба концизна и јасна дефиниција за неадекватното постапување кон децата“, вели конзервативецот Роберт Бакленд.