Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто. Родителите стојат на ставот дека луѓето кои сега се во затвор се сторителите на свирепото повеќекратно убиство кое се случи на големиот христијански празник Велики Четврток.
-Заев потврди дека тие се убијците кои лежат во затвор и за нас тие се не можат да бидат други и ние сме огорчени од тоа и од самиот Заев, бидејќи многу ни вети и на крај ништо, вели еден од родителите на убиените деца.
На прашањето на Ефтов до еден од родителите на убиените деца како се чувствуваат кога ќе слушнат тие дека тие не се убијците и дека истите ги ослободиле на Косово или дека не се естрадирани од Косово, тој вели:
-Се чувствуваме како што се чувствуваме, но ние добро го познаваме случајот и цврсто стоиме дека овие се убијците, вели друг родител на убиените деца.
Во случајот „Монструм“ доживотен затвор им е изречен на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. За Демири и Исмаиловиќ кои беа осудени во отсуство, се уште се чека на екстрадиција од Косово.
Според македонското МВР, убиените отишле да ловат риба на Смилковско Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012. Нивните тела биле пронајдени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари. На истото место, подалеку од четирите тела било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски. Увидот на местото на настанот траеше цела ноќ се до пладне на 13 април 2012 кога телата беа предадени на судските вештаци за обдукција.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=44&v=ROCXmbLXu_0