Родителите не го прифатија предлогот на МОН, проблематичниот ученик да следи настава со скратено време

Проблематичниот третоодделенец да се врати на настава во училиштето „Лазо Ангеловски“, но со скратено време на престој, а понатаму, кога ќе се интегрира во училиштето, да посетува настава. За родителите веќе е изречена мерка за зголемен родителски надзор од Министерството за социјална политика. За детето е наложено да се направи проценка од Заводот за ментално здравје и да се определи кои се најдобрите методи за работа со детето за да се подобри неговото однесување.

Овие се предлозите од денешниот состанок на интердисциплинарна комисија составена од претставници на Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, а кои вечерва пред Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ ги пренел градоначалникот Дејан Митески, во присуство на директорката на училиштето, објави Независен.

Родителите од Советот не се сложиле со сите мерки, а бојкотот на наставата продолжува и утре.