Роднините на израелските заложници кои ги држи палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа се обратија на специјално свикана седница на Советот за безбедност на Обединетие нации во Њујорк.
Меѓу другите на состанокот во четвртокот, Гили Роман, кој е германски државјанин, се потсети на својата снаа Кармел, која беше киднапирана од Кибуцот Беери на 7-ми октомври минатата година.
„Ние малку знаеме за ситуацијата на Кармела. Се надеваме дека е жива. Но, не знаеме“, рече Роман.
Претставниците на Советот за безбедност и неколку други присутни земји-членки на ОН, вклучително и Германија, ветија дека ќе продолжат со напорите за да се обезбеди ослободување на сите заложници.
Хамас и неговите поддржувачи убија околу 1.200 луѓе, од кои околу 800 цивили, во нападите на 7-ми октомври. Истовремено киднапираа и повеќе од 200 војници, жени, мажи и деца. 105 од нив беа ослободени речиси два месеца по договорот меѓу Израел и Хамас. Судбината на преостанатите заложници е нејасна. Според палестинските вооружени групации, некои од нив загинале во израелските болбардирања. Според израелските проценки, околу 100 од нив веројатно сѐ уште се живи.