Менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс изјави дека не е разочаран поради одлуката на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез, да си замине од “Енфилд” и да се пресели во редовите на каталонскиот гигант Барселона.
“Не, не сум разочаран од Луис Суарез. Не е точно дека го оставил клубот на цедило. Луис даде се од себе за Ливерпул. Да, постоеа и неколку проблеми за време на неговиот престој на “Енфилд”, но тоа е минато. Станува збор за фантастичен фудбалер, јас секогаш ќе имам такво мислење за Луис, секогаш ќе го доживувам како добар човек, како голем пријател. Штета што повеќе не е дел од Ливерпул, но клубот е секогаш поголем од било кој фудбалер. Не може една индивидуа да биде поголема од клубот. Животот си тече, Ливерпул ќе продолжи напред и без Суарез. Многу сум возбуден кога е во прашање новата сезона. Купивме неколку квалитетни фудбалери, обезбедивме директен пласман во групната фаза во ЛШ“, изјави Роџерс.