
Иранскиот претседател Хасан Рохани, во текот на средбата со поранешниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, повикал на единство и побарал да се стави крај на граѓанската војна во Сирија.
Анан го посети Техеран со делегација во која е поранешниот претседател на Финска, Марти Ахтисари, поранешниот јужноафрикански надбискуп Џезмонд Туту и поранешниот претседател на Мексико, Ернесто Седиљо.
„Треба да се обединиме за ставање крај на војната и масакрот во Сирија“, рекол Рохани и истакнал дека најважно е да се стави крај на поддршката и дотурот на оружје на терористичките групи од некои земји од регионот.