Планот за разговори, презентиран од страна на францускиот претседател Емануел Макрон пред САД и Иран е во принцип прифатлив, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, на состанокот на кабинетот што го пренесуваше во живо иранската државна телевизија.
Тој рече дека во планот треба да се изменат некои формулации, во кои се потенцира дека Иран нема да продолжи да работи на нуклеарно оружје и ќе помогне да се овозможи безбедноста на регионот и неговите пловни патишта, додека Вашингтон ќе ги укине сите санкции.
Планот исто така ќе му овозможи на Иран веднаш да продолжи со продажбата на нафта.
Рохани, на седницата на владата, рече дека различните пораки за санкции испратени од САД минатата недела додека присуствувале на заседавањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк ја поткопале можноста за разговори.
Тој додаде дека не е прифатливо американскиот претседател Доналд Трамп јавно да каже дека ќе ги интензивира санкциите, додека европските сили на интерни состаноци му сугерираат на Техеран дека тој е подготвен да преговара.