И покрај примамливите понуди кои веќе пристигнаа на неговата адреса, а се испратени од најпознатите и најтрофејните клубови од Европа, најдобриот фудбалер во дресот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс потврди дека нема да ја смени клупската средина за време на летниот преоден рок.
“Се што можам да кажам е дека ќе останам во редовите на Борусија Дортмунд уште најмалку една сезона. Мислам дека сум малку досаден со изјавата дека ми е убаво таму каде што сум и дека одлично се чуствувам. Уште од мал сонував како го носам дресот на овој голем клуб, како играм во овој фудбалски храм. Си заминав од Дортмунд кога имав 10 години, направив еден чекор наназад со преселбата во редовите на Борусија Менхенгладбах, но пред неколку години направив два чекори нанапред. Повторно се вратив таму каде што припаѓам, се чуствувам одлично и имам договор со Борусија до 2017 година”, изјави крилниот напаѓач.
Репрезентативецот на Германија веќе подолг временски период важи за најголема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед чии челници се подготвени да одвојат околу 30 мил. евра за неговите услуги.