Крајниот рок за изнесување на хемиското оружје од територијата на Сирија може да биде испуштен, пренесуваат светските медиуми.
Причината е дека во моментов се води борба за контролирање на клучните магистрали, а тоа создава проблеми за гарантирање на безбедноста на конвоите што би го пренесувале арсеналот на хемиското оружје.
Според договорот склучен меѓу Сирија и Обединетите Нации, сириското хемиско оружје треба да бидае транспортирано надвор од земјата до 31 декември оваа година.