Рокот за поднесување на ДДВ пријави истекува во среда

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ- 04 пријави, поднесени се само 1.831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број.

„Не го одложувајте процесот. Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави навреме и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Уште денеска поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот“, апелира УЈП.