Денеска во 19 часот изминува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ и рокот за приговори за сумирањето на резултатите по што Државната изборна комисија (ДИК) треба да донесе одлука во рок од 72 часа.
Како што појасни претседателот на ДИК, Александар Даштевски, доколку не се задоволни од одлуката, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на истата.
Во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните, продолжуваат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои освоија најмногу гласови според првичните официјални резултати.
Првичните официјални резултати што ги објави ДИК покажуваат дека на гласање излегле над 900.000 граѓанин, односно одѕивот бил 49,93 проценти.