Рокотот за откуп на тутунот ќе биде продолжен до 31 март

Власта ќе чека да заврши откупот на тутун, а потоа да ги распореди парите од петтиот пакет економски мерки за тутунарите.

Според министерот за земјоделие, рокот за откуп ќе биде продолжен до 31 март. Со новите мерки предвидени се околу 5 милиони евра државна помош со кои треба да се пополнат дупките што ги предизвика кризата, но и да се искачи просечната ценат на откупот од сегашните 165 на 180 денари.

Но, дел од тутунопроизводителите не се согласуваат со ваквите математики на Владата. За ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски измени што ги поднесоа во Собранието, велат, ќе завршат и лагите и уцените кон тутунарите.

„Се увезува тутун без никаква контрола и стратегија, 5000 илјади тони домашен тутун ќе остане неоткупен и ќе скапува по визбите, а македонските тутунари остануваат и ќе останат со празни раце, ниту тутун, ниту пари.“ – вели Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во пандемиската 2020 година во Македонија е прозведен 23.000 тони тутун. Тутунарите се жалат дека ова е една од најлошите години за нив, со загуби од едно евро во просек по килограм предаден тутун.