Ролан Гарос: Алкараз преку Циципас до полуфинале

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, третиот носител на Ролан Гарос, се пласираше во полуфиналето на Грен-слем турнирот во Париз по убедливата победа против Гркот Стефанос Циципас со 6-3, 7-6(3), 6-4.

Во полуфиналето Алкараз ќе игра против вториот носител, Италијанецот Јаник Синер, кој претходно во вторник во четвртфиналето го победи Бугаринот Григор Димитров, исто така, во три сета со 6-2, 6-4, 7-6(3). .

Алкараз доминираше против грчкиот тенисер до средината на вториот сет кога имаше водство од 1-0 и брејк предност во вториот дел. Потоа Циципас извесно време „покажа заби“, го врати минусот во брејкот минус и го освои тај-брејкот. Во него Алкараз повторно беше убедлив и доминантен. Водеше со 2-0 во сетови, а во третиот се врати сликата од почетокот на мечот, кога Шпанецот ги контролираше случувањата на теренот и без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето.

Ова беше шести меч на овие двајца тенисери и шеста победа на 21-годишниот Шпанец, кој ги доби последните осум сета во низа против грчкиот играч.