Соочувањето меѓу моментално првиот рекет и третиот во светот, кој се најавуваше како спектакл падна во сенката на повредата на Шпанецот Карлос Алкараз во третиот сет по која српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно го доврши мечот.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, а во вториот Алкараз возврати со 7-5 и израмни на 1-1. Во првите два сета се одвиваше голема борба и гледачите следеа навистина спектакуларен тенис.
Проблемите за Алкараз почнаа во третиот гем од третиот сет кога, шпанскиот тенисер побара медицинска помош, повредата не можеше да ја санира, таа го мачеше до самиот крај, па Ѓоковиќ лесно ги освои преостанатите два сета со по 6-1 и дојде до големата победа.
Ѓоковиќ за титулата на Ролан Гарос ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Каспер Руд и Александер Зверев.
Доколку Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, тоа за него ќе биде 23. Грен-Слем титула со која ќе го помина Надал и ќе биде осамен на врвот во оваа категорија.