Трикратната победничка на Ролан Гарос и најдобрата светска тенисерка во моментов Плјалката Ига Швјонтек ќе игра во своето четврто финале во Париз против Италијанката Жасмин Паолини, 28-годишната дебитантка во меч за титулата победничка на Грен слем турнир..
Во првото полуфинале, Швјонтек ја победи Американката Коко Гоф со 6:2, 6:4 во 97 минута и на тој начин ѝ го нанесе 11. пораз во нивниот 12. меѓусебен меч, додека Паолини беше уште поубедлива и за само 73 минути ја совлада 17-годишната Русинка Миро Андреева со 6-3, 6-1.
За 23-годишната Полјачка ова беше 18-та последователна победа на последните три турнира сезонава и 20-та по ред на терените на Ролан Гарос, каде последен пат беше поразена во четвртфиналето во 2021 година. Во сабота ќе се обиде да дојде до третата последователна титула во Париз и вкупно пет трофеи на Грен-слем турнирите.
За разлика од неа, Жасмин Паолини е тенисерка која до оваа година не успеа да го мине второто коло на Грен-слем турнирите, а во сабота ќе стане третата италијанска тенисерка која ќе заигра за трофејот „Сузан Ленглен“, кој го освои Франческа Скијавоне во 2010 година. Истата тенисерка загуби во финалето во обид да ја одбрани титулата, а во 2012 година финалистка беше и Сара Ерани.
Паолини одигра одличен натпревар за пласман во финалето и го искористи тоа што Мира Андреева не успеа да го повтори четвртфиналниот настап од победата над Арина Сабаленкоа Еден „брејк“ беше доволен за Италијанката да го освои првиот сет, а потоа во вториот, откако 17-годишната Андреева поведе со 1-0, 11 години повозрасната Италијанка нанижа шест гема за најголемиот успех во својата кариера, кој веќе и донесе пробив до седмото место на ВТА ранг-листата.
Пласман во кариерата ќе оствари и Коко Гоуф и покрај уште еден разочарувачки резултат во дуелите со Ига Швјантек. Таа во понеделник ќе ја замени Арина Сабаленка на второто место.