Ролан Гарос: Синер во полуфиналето и стана првиот Италијанец на врвот на АТП листата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако во четвртфиналето го победи Бугаринот Григор Димитров со 6:2, 6:4, 7:6(3).

Со оваа победа, но и поради тоа што Новак Ѓоковиќ поради повреда се откажа од натамошното учетво на Грен слем турнирот во Париз, следниот понеделник и официјално ќе има промена на самиот врв на АТП-листата. Ѓоковиќ притоа ќе загуби голем број бодови, а Синер ќе стане првиот италијански тенисер во историјата што ќе се најде на врвот на АТП-листата.

Исто така, Ѓоковиќ може да се лизне на третото место на АТП рангирањето, доколку Шпанецот Карлос Алкараз го освои Ролан Гарос. Алкараз подоцна во вторникот ќе игра четвртфинален натпревар против Гркот Стефанос Циципас, а победникот од тој меч го чека токму Синер во полуфиналето.

Димитров почна да му парира на Синер, овогодинешниот победник на Австралија опен, кон средината на вториот сет, кога веќе имаше негатива од 0-1 во сетовите и брејк минус во вториот сет. Подобрата игра не му донесе ниту еден освоен сет на Димитров, а Синер ја потврди одличната форма со нов квалитетен настап.

„Сон на секој тенисер е да стигне до врвот на ВТА листата на почетокот од кариерата. Пресреќен сум што мојот сон се оствари, иако и јас, како и сите вас, сум тажен што тоа се случи поради повредата на Ѓоковиќ, неговото откажување и принудното заминување од Париз“, изјави Синер по победата над Димитров.

Во горниот дел од жрепката, по откажувањето на турнирот од страна на Ѓоковиќ, Каспер Руд директно влезе во полуфиналето каде го чека победникот од мечот во кој се среќаваат Германецот Александар Зверев и Австралиецот Алекс Де Минаур.