Роловано пилешко и колач со портокали

Роловано пилешко и колач со портокали
Роловано пилешко и колач со портокали

Нашиот предлог за денешниот ручек е вкусно роловано пилешко со фил од јајца, кашкавал и чаен колбас и ароматичен колач со портокали.

Потребно:

1/2 кг пилешки стек

100 гр кашкавал

3 јајца

300 гр сланина

70 гр чаен колбас

малку магдонос

2 лажички сенф

Сол и црн пипер

Подготовка:

Убаво измијте ги и исцедете ги парчињата стек и засечете на половина во дебелина, така што ќе добиете четири  парчиња со иста димензија само потенки.

Најпрво јајцата со малку сол испржете ги малку . При тоа, цело време мешајте за убаво да се измешаат жолчките од белките, а потоа испржете ги.

Чајната колбасица и кашкавалот засебно исечете ги на поситни коцки. Ситно исецкајте го и магдоносот.

Со помош на чук за месо, убаво истенчете ги парчињата стек. Секое парче посолете го и премачкајте го со половина лажиче сенф (по желба и повеќе), врз него во линија скоро на средина на стекот распоредете од пржените јајца, а врз нив ставете од чајната колбасица и кашкавалот на коцки. Над сето тоа распоредете од магдоносот.

Почнете со ролање на месото, при што дел од страниците ке свиткате на внатре за да не истекува филот. Ролованото месо со фил одозгора измотајте го со тенки парчиња сланина.

Ставете го во огноотпорен сад со капак кој сте го премачкале со малку масло, попрскајте ги и нив одозгора со маслото и печете во рерна додека убаво не порумени слојот од сланината. Освен во рерна, можи исто така и на рингла да ги испржите без поклопување со капак.

Вкусен десерт кој е лесен за подготовка.

Потребно:

6 портокали со тенка кора

Сок од половина лимон

1 чаша (2,5 дл) шеќер

¼ лажичка сол

За тестото

8 лажици путер

¾ чаша шеќер

2 јајца

1 чаша брашно

1 лажичка прашок за печење

Малку сол

Подготовка:

Изрендајте ја кората на едниот портокал и сочувајте ја за тестото. Исечете го портокалот на половина и исцедете го сокот. Останатите портокали исечете ги на тенки кружни парчиња, притоа не ја лупете кората и исчистете ги од семки. Наредете ги на чинија и печете ги две минути ви микробранова на најсилна температура.

Во поголем сад измешајте го сокот од портокалот, сокот од лимонот, солта и парчињата од портокал и оставете ги да зовријат на среден оган и варете 6 до 7 минути, додека кората не стане мека. Извадете ги парчињата портокал на чинија, а сокот оставете го да се вари додека не добиете количина од половина шолја за кафе.

Загрејте ја рерната на 190 степени и печење со путер. Со миксер измешајте го путерот и шеќерот додека не добиете пенлива структура. Потоа додадете едно јајце, а другото измешајте го на крај и додајте го со изренданата кора од портокал и мешајте додека состојките не се соединат. Во сад измешајте го брашното, прашакот за печење, солта и целата и потоа сето ова додадете го на смесата со путерот.

Готовата смеса ставете ја во плех за печење и на неа ставете го портокалот и печете отприлика 50 минути или пак додека колачот не добие златно кафена боја. Готовиот колач извадете го од рерната и додека сè уште е топол премачкајте го со сирупот (сокот кој што го ставивте во шолјата кафе) и оставете го да се олади на собна температура.