Рома до трите бода против Фросиноне во последните моменти

Фудбалерите на претпоследниот тим во Серија А, Фросиноне се поразен на домашен терен со 2:3 (1:2) во дуелот од 25-то коло, а победничкиот погодок го постигна Един Џеко во последната минута од судиското продолжение.

Фросиноне поведе во 6 минута преку Камиљо Чјано, но Рома до крајот на првото полувреме направи пресврт за само две минути, откако во 31 Един Џеко го постигна својот прв погодок на натпреварот, а веднаш по него прецизен во 31 минута беше Лоренцо Пелегрини. Домашните израмнија со погодокот на Андреа Пинамонти во 81 минута, а кога се очекуваше последниот свиреж на судијата, Џеко со својот втор гол вечерва ѝ ги осигури трите бода на „Волчицата“.

Фросиноне остана претпоследен 19-ти на табелата со 16 бодови, три помалки од Емполи на 17-то место кое осигурува опстанок. Рома е сигурна на петтото место со 44 бодови, еден помалку од Милан и два од Интер на третото и на четвртото место кои водат во Лигата на шампионите. Јувентус е лидер со

Претходно во саботата Торино со 2:0 на свој терен ја совлада Аталанта, со головите на Армандо Иѕо во 43 и Јаго Фалке во 47 минута. Торино моментално е на седмото место со 38 бодови, колку што има и шестата Аталанта, а ист број бодови има и осмиот Лацио, кој има и меч помалку.

Претходно во петокот Милан со 3:0 на својот „Сан Сиро“ славеше над Емполи.

Шест од преостанатите седум натпревари од 25-то коло се играат во недела, а се среќатаваат Сампдорија- Калјари, Болоња – Јуневрус, Киево – Џенова, Сасуало – Спал, Парма – Наполи и Фиорентина – Интер. Мечот Лацио – Удинезе е одложен