![roma pregolem zalak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/roma-pregolem-zalak.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Премиерниот саботен натпревар од 20. коло во италијанската Серија А, пресметката на „Олимпико” помеѓу екипите на Рома и Ливорно, заврши со убедлив триумф на римската „волчица” од 3:0.
Рома дојде во водство со погодокот на Матиа Дестро, на 2:0 зголеми холандскиот интернационалец Кевин Стротман, а последниот погодок на натпреварот беше дело на повремениот репрезентативец на Србија, Адем Лјајиќ.