Доколку на годинешното доделување на Оскарите во категоријата најдобар филм и во онаа за најдобар филм надвор од англиското јазично подрачје, остварувањето на режисерот Алфонско Куарон – „Рома“, би можела да го промени начинот на кој се доживува категоријата за странски филм и може да стане првиот филм во историјата на најпрестижните филмски награди со победа во двете категории.
Во последните десет годни, речиси секоја сезона, се воведуваат промени кога станува збор за начинот на кој филмовите на странски јазик доаѓаат до потесниот избор за наградата.
Оваа категорија е воведена од 1947 година, а бројот селектирани филмови расте од година в година. Оваа година имаше 87 филмови, но никој не успеал да ги види сите. Поради тоа, последните неколку години се ангажирани волонтери кои се делат во три групи за да се добие увид во сите стасани остварувања.
Како и да е, номинацијата на „Рома“, интимистичката семејна хроника во категоријата за најдобар филм и за најдобар филм на странски јазик претставува преседан на годинешното 91-во доделување на наградите на американската Академија за филмски уметности и науки. Меѓутоа, овој филм може да доминира и во другите категории, бидејќи филмот на Куарон е номиниран во вкупно 10 категории.
Наградата Оскар за филм на странски јазик ѝ се доделува на победничката нација, но од 2015 година вообичаено е на златната статуетка да се вгравира и името на режисерот.
Холивудскиот Мексиканец Алфонсо Куарон зад себе има седуманесетгодишна кариера во којашто сними шест филмови. Меѓу нив се гледаните и наградувани „Гравитација“, „Деца на човештвото“ и „И мојата мајка исто така“.
Од сличните фестивалски хитови на Куарон, „Рома“ се разликува по тоа што обичниот гледач никогаш нема да ја види во кино, бидејќи е настаната во продукција на Netflix.