Рома на минус шест од Јувентус

Како и што се очекуваше, фудбалерите на Рома забележаа сигурен триумф од 3:1 на гостувањето во Верона и на тој начин ја намалија бодовната предност на лидерот на табелата, тимот на Јувентус, на достижни шест бода.

Со пресврт во последните пет минути од натпреварот, фудбалерите на Милан забележаа минимална победа на гостувањето во Калјари, а последните неколку минути од натпреварот ги одигра и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими.

„Балотели е еден од најзаслужните за остварениот триумф на ова тешко гостување. Одигра фантастично, им помогна и на дефанзивците. Среќен сум поради моите фудбалери. Покажаа победнички дух, а оваа победа ќе има големо влијание и врз нашиот морал. Ќе играме уште подобро на следните првенствени натпревари. Нормално дека има место за напредок, но нема место за паника, мора да размислуваме со ладна глава. Фудбалерите покажаа дека сакаат да учат”, изјави тренерот на „росонерите”, Кларенс Сидорф.

Резултати: Верона – Рома 1:3, Торино – Аталанта 1:0, Сампдорија – Болоња 1:1, Интер – Катанија 0:0, Калјари – Милан 1:2, Ливорно – Сасуоло 3:1, Парма – Удинезе 1:0, Фиорентина – Џенова 3:3.